top of page

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

ЗОШТО MODULAR DESIGN ARCHITECTS?

Разбирајќи ја науката за градежништвото и потребите на нашите клиенти и крајните корисници произведуваме објекти со класа на светско ниво кои нудат систематски пристап кон самата модуларност. Нашите градежни методи и модуларните системи ви овозможуваат комфорен и функцуонален простор. Распоредот на просториите претставуваат идеална комбинација на перформанси, удобност и приватност.Модуларните домови се со сертифициран квалитет. Дизајниран за уживање, изграден за да трае.

ДАЛИ ДРВОТО Е БЕЗБЕДНО ОД ЗЕМЈОТРЕСИ

Монтажните куќи со дрвена носечка конструкција се карактеризираат со одлична отпорност на земјотреси.
Куќите со дрвена носечка конструкција се многукратно полесни од традиционалната градба и имаат значително помало сеизмичко оптоварување.
Дрвото е 13 пати полесно од челикот и 8 пати полесно од бетонот, а во комбинација со метални сврзувачки елементи обезбедува еластично однесување на конструкцијата
при нанесување на оптоварување од земјотрес. Високо ниво на сигурност е обезбедено со употреба на поволни својства на дрво, цврстина и еластичност, правилно извршување на деталите помеѓу дрвените елементи и нивно закотвување на фундаментот.

КОЈ СЕ ОПЦИИТЕ НА ПЛАЌАЊЕ?

Со претходна консултација со нашите архитекти во нашите канцеларии како и избор на внатрешни и надворешни материјали на обработка на површините и финализирање на идејниот проект се договараме за начинот на плаќање.

ЗАШТО MDA КУЌИТЕ СЕ ПОРАЗЛИЧНИ ОД ДРУГИТЕ?

Нудиме современ пристап на заштита на дрвото како и изолациони својства на ѕидните подните и кровните површини. Висока стапка на изолација како и квалитет на живеење. Совршена комбинација на дрво и природа. Без користење на материјали кој се штетни за секојдневно користење на просторот со природни вентилации и циркулација на воздух. Современ пристап на традиционален начин на градење кој ден денес постои.

КОЛКУ ВРЕМЕ СЕ ГРАДИ ЕДЕН МОНТАЖЕН ОБЈЕКТ?

ДАЛИ ИМА ГАРАНЦИЈА?

Времето на изработка во нашиот погон е зависно од моделот за изградба и се изработува за 10 до 20 денови. Монтажата на објектот е за 10 до 30 денови од пристигнување на локацијата на која треба да се изгради објектот. Во монтажат а припаѓа целосната изработка до финална фаза на објектот односно до клуч на рака целосно спремна за живеење

Користењето на материјали со сертифициран квалитет. Производство во контролирани услови. Изолациони материјали и премази за заштита и импрегнација на материјалите. Решение кое нуди софистициран пристап кон природните материјали гарантира заштита на вашиот објект. Сите наши модели нудат 5 годишна гаранција на констукцијата која за разлика од секојдневните армирано бетонски градби се разликува со поголема гаранција и квалитет.

bottom of page